НСДП: Премиере Груевски, кој „џавка“ на снимката за продажбата на „Македонска банка“?

Од:

Премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за државната агенција МИА, критикувајки ја опозицијата во стил на човек кој што со државата раководи на крајно недемокртаски начин, намерно избегна да каже, дали гласот на снимката е негов или не, се вели во соопштението на НСДП.

– Бидејки Груевски вели цитираме „тој што е сигурен во себе не ЏАВКА“, јавно го прашуваме дали на снимката е неговиот глас или некој друг си ЏАВКА за 1,5 милиони евра провизија за продажба на Македонска Банка. Бидејќи велите цитираме „Политиката не е детска игра и не е место каде некого треба да го чекаме да досозрее“, се надеваме дека Никола Груевски доволно демократски созреал и конечно ќе дозволи судот, согласно законите да донесе соодветна пресуда за случајот „Македонска банка“, притоа секако да ја има во предвид и експертизата за гласовите од снимката на инволвираните од истата, па дури потоа до колку се почувствувате навреден, побарајте надомест за нанесена душевна болка. Ние сметаме дека Никола Груевски несакајќи (несмасно) или како човек кој што си ја има мувата на капата, направи грешка во вчерашното интервју, и наместо обидувајќи се да ја убеди јавноста цитираме, „Јас никогаш не сум зел еден ипол милиони евра кеш ниту пак помала или поголема сума“, требаше јавно јасно и недвосмислено да каже чиј е гласот на снимката или барем да кажеше дека не е негов.

Г-дине Груевски колку е ниска самодовербата на опозицијата се потврди со недвосмислената одлука на пратениците да си поднесат оставки, да ризикуваат се во името на демократијата и цврсто сите да застанат против државниот фалсификат направен на овие избори, а делумно констатиран и во извештајот на ОБСЕ. Доколку бевте убеден дека е ниска самодовербата на опозицијата, немаше да покренете процес на спинување за криминалот во ВМРО ДПМНЕ и немаше да извршите притисок врз судството, во ист период кога ќе го објавите составот на новата влада да се одржи првото рочиште во спорот за баснословната сума која ја побарувате од лидерот на опозицијата – се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on