НСДП: Откако ќе падне Груевски, ќе се урне целата вмровска „зграда“

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е длабоко свесна дека откако Груевски ќе падне ќе се урне целата вмровска „зграда“. Неговата апсолутистичка власт ги покори сите државни институции – Претседател, Собрание и Влада. Како резултат на авторитарниот тип на владеење, фактичката состојба во државата и општеството драстично се влоши. Тоа е особено видливо во однос на демократските процеси, слободните медиуми, независноста на институциите и третманот на опозицијата, како непријатели кои треба да се ликвидираат. Бидејќи досегашната власт е длабоко криминализирана, нејзиното заминување е допoлнително отежнато. Поради лошата економска политика се зголеми општествената не еднаквост и се влоши материјалната положба на сите општествени слоеви, освен на најбогатите.
Помалку образованите и необразованите се приврзале на власта бидејќи само преку владеaчката партија може да добијат нешто што со ништо не го заслужиле. Тие се оние кои Груевски ги употребува како своја публика и која секојдневно шетаат по улиците.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно повикува на меѓуетнички конфликт и војна. Главната причина за таквата состојба се криминалот, злосторствата и недостаток на владеење на правото и изгубениот личен интегритет на носителите на јавни функции. Македонија дефинитивно стана земја во која не постојат ни суд ни обвинителство, ни полиција, ни закон, ни морал и полека и сигурно се движи кон целосно морално распаѓање и беззаконие.
За Македонија од исклучителна важност е владеењето на правото и еднаквста на граѓаните, да стане точка од која мора да се тргне во промени и да се постават здрави темели на државата. Лажниот патротизам не е тема од национален интерес во овој момент.

За НСДП нема никакви дилеми дека парламентарното мнозинство јасна и недвосмислена уставна и деловничка можност да избере Претседател на Собранието на Р. Македонија и да започне постапка за избор на нова, реформска Влада и тоа веднаш, без одложување. Заканите што доѓаат од очајните криминалци од поранешната владејачка партија, се најсилен доказ дека се страшно исплашени од она што неминовно им следи, а национализмот кој секојдневно го демонстрираат им остана последното прибежиште, како што доликува на вистински криминалец“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски