„НСДП изразува загриженост и го осудува „воздржаниот глас“ на Македонија во ООН при гласањето за Резулоцијата против величењето на нацизмот, неонацизмот и ксенофобијата, што претставува потврда дека македонската дипломатија е ставена во идеолошките стеги на владеачката партија, а кои своите корени ги имаат во идеите на поразените од Втората светска војна.
ВМРО-ДПМНЕ и должи објаснување на македонската јавност, дали за нив е спорно и идеолошки неприфатливо да се осуди славењето на нацистичкото движење, етноцентризмот и ксенофобијата, како и поставувањето на споменици и градење меморијални центри со кои се величат поранешни припадници на нацистичкото минато?
Уште еднаш станува јасно зошто владеачката партија го игнорира наследството на антифашистичка броба, Сојузот на броците од НОВ, пропаѓањето на споменичните обележја кои не потсетуваат на непокорната антифашистичката борба на Македонскиот народ од која се роди и современата македонска држава. Наместо ова, сведочиме на поставување на спомнични обележја на „касапи“ и личности со изразен сомнителен идеолошки профил кој е предмет на осуда на Резолуцијата на ООН“, се вели во соопштението на НСДП.