НПС бара најстрога казна за напаѓачите на полицаецот во Велес

Од:

Независниот полициски синдикат (НСП) ќе ги преземе сите законски активности за добивање најстрога казна за извршителите на кривичното дело вчера кога пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полициски службеник му беше одземен пиштолот, по што беше пукано кон него.

Нападот врз полициски службеник, НСП го смета за напад врз државата поради што бараат од надлежното Јавно обвинителство и надлежниот суд да ја променат досегашната пракса на неказнување и пуштање на слобода на извршителите на кривични дела над полициски службеници и тие да се соочат со најстроги казни.

– Како што досега баравме така и во иднина ќе бараме да се направат измени во Законот за полиција и Кривичниот законик и за кривичните дела сторени над полициски службеници кои секојдневно се соочуваат со разни предизвици при извршувањето на работните задачи, а во служба на граѓаните, да се спроведуваат итни постапки за сторителите преку соодветна правна регулатива, стои во соопштението на НПС.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност