Новоизбраните судии и јавни обвинители завршија обука за казнено право

Од:

Специјализираната обука за новоизбраните судии и јавни обвинители, модул „Казнено право“ денеска заврши во Академијата за судии и јавни обвинители. Со обуката беа опфатени 19 новоизбрани судии во основните судови, распоредени во кривичните оддели и одделите за прекршоци и 17 новоизбрани јавни обвинители во основните јавни обвинителства во државата.

Обуката што се спроведе од 1 до 6 април годинава, има за цел унапредување на знаењата и вештините на новоизбраните судии и јавни обвинители за соодветна примена на важечките прописи од сферата на казненото право, како и подготовка за примена на измените на ЗКП и стручно, ефикасно и професионално извршување на судската и обвинителската функција.

Согласно востановената долгогодишна пракса на Академијата, специјализираните обуки за новоизбраните судии и јавни обвинители ги спроведуваат практичари на правото – истакнати судии и јавни обвинители од листата на постојани предавачи на Академијата, универзитетски професори и експерти во определени области поврзани со извршување на судско – обвинителската функција.

Предавачи на обуката беа судија Лидија Неделкова, претседател на Врховниот суд на Република Македонија, судиите Зуица Наумова и Љиљана Ивановска Шопова од Апелациониот суд Скопје, јавен обвинител Соња Симовска од Вишото јавно обвинителство Скопје, јавен обвинител д-р Тодор Витларов од Вишото јавно обвинителство Штип, јавен обвинител Маја Конеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Исто така предаваа и судиите Јани Нича и Јулија Чавдар Христова од Основен суд Скопје 1-Скопје, м-р Митко Чавков, началник на Централните полициски служби и д-р Емилио Фришчиќ од Одделот за криминалистичка техника при Министерството за внатрешни работи, д-р Александар Станков од Институтот за судска медицина и криминалистика и професор д-р Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ- Скопје.

Дел од обуката беа интерактивни предавања, спроведување на практични вежби и анализа на случаи од судската пракса, преку кои ангажираните предавачи ги пренесуваа стекнатите знаења и практичните искуства од својата долгогодишна пракса на примена на казнено-правните прописи. Предавачите укажаа на трендовите на новото време во насока на имплементација на современите меѓународни стандарди во сферата на казненото право. Темите беа презентирани од аспект на актуелниот Закон за кривична постапка и споредбено согласно новиот концепт на ЗКП што ќе се применува од декември 2013 година.

Учесниците позитивно ја оценија програмата и реализацијата на обуката, опфатот на сите теми од важност за вршење на судската и јавно-обвинителската функција, особено, презентирањето и анализата на практични случаи, проблеми, пропусти и грешки кои се појавуваат во судско-обвинителската пракса, со укажувањето на начините за нивно одбегнување и надминување.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он