Новогодишно обраќање на претседателот на Собранието Вељаноски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во новогодишното обраќање им упати на граѓаните желби за многу здравје, бериќет, за стабилност и просперитет на државата, на регионот и пошироко.

– Ја испраќаме 2012 година, која за нас и за светот беше тешка, како економски, така и политички. Пред нас е новата 2013 година во која верувам дека Република Македонија, односно сите ние како граѓани имаме капацитет, имаме знаење и волја да одговориме на сите предизвици. За подинамичен економски развој, за побрзо темпо во нашето интегрирање во евроатлантските интеграции како наша стратешка определба, одговорноста е наша, заедничка, без разлика на која политичка опција и припаѓаме. Согласно надлежностите ќе направам се Парламентот во 2013 година да функционира непречено, во полн состав, со толеранција и почитување на политичките разлики, стои во честитката од спикерот Вељаноски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд