Новогодишно изненадување за децата од посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец” од Асоцијацијата на финансиски друштва

Од:

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) ги израдува децата од Посебното основно училиште „Д-р. Златан Сремец” со новогодишни пакетчиња. Претставници на Асоцијацијата заедно со Дедо Мраз, денеска поделија околу 100-тина пакетчиња за сите ученици од училиштето.

„Од името на учениците и вработените во ПОУ„д-р Златан Сремец“ Од срце Ви благодариме за донацијата- новогодишни пакетчиња , навистина ни е драго што денес АФД се одговорни за големиот број детски насмевки, луѓето како Вас, ги прават празничните моменти незаборавни“,изјави Марија Делетиќ, директорка на ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.

Со оваа донација, Асоцијацијата на финансиски друштва уште еднаш ја докажува својата посветеност и определба да реализира општествено одговорни практики кои овозможуваат придобивки за различни групи и сегменти на заедницата.

„Овие денови се потсетуваме дека треба да посветиме повеќе внимание на заедницата. Бидејќи празниците се време на љубов и дарување, ни претставува особено задоволство што со овој наш скромен гест, измамивме искрени насмевки и радост кај децата. Целта на оваа донација пред сè е да ги израдуваме децата, но истовремено, да пратиме и порака дека сите ние како активни чинители на заедницата имаме обврска да бидеме дел од креирањето на инклузивно општество, во и надвор од областа во која делуваме“, изјави Јана Никодиновска, Генерален Секретар на АФД.

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ е јавна установа за образование на деца со пречки во психофизичкиот развој кое што работи според специјализирани програми за ученици со интелектуална попреченост, аутизам и комбинирана попреченост, обезбедувајќи модерно образование и рехабилитација на децата преку поттикнување и развој на нивните способности и вештини.

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија и нејзините членки ФД Тиго Фајнанс, ФД Иуте кредит, ФД Мого, ФД Дигитал фајнанс, ФД Кредисимо, ФД М-Кеш и СН Финансиско друштво, вложува големи напори за обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата, еднаквост и етика, промоција на сигурни, општествено одговорни и одржливи практики на кредитирање, промоција на можностите што ги нудат небанкарските финансиски технолошки решенија, а кои ќе бидат од корист на поединците и општеството, како и изградба на конструктивен дијалог и дизајнирање среднорочна стратегија за одржлив развој на индустријата заедно со надзорните органи, регулаторот и законодавецот во државата.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар