Новогодишни подароци за децата од повеќе институции и организации во Битола

Од:

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, денес предновогодишно посети повеќе институции, каде со новогодишни подароци, заедно со Дедо Мраз ги израдуваa децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас, децата од дневниот центар за деца со посебни потреби, децата од домот за доенчиња и мали деца, како и учениците од посебните паралелки во ОУ Ѓорѓи Сугарев. Општина Битола во соработка со невладината организација „Баирска светлина“ и ЗГ „Сумнал“, денеска обезбеди новогодишни подароци и за децата со кои работат овие организации.

„По повод Новогодишните и Божиќните празници, денес и вчера ги посетуваме сите институции каде што се сместени дечиња во нашиот град. Ова е празник кој отсекогаш со себе носел и ќе носи магија, можност во која можеме да внесеме радост во детските срца, затоа што Дедо Мраз и магијата која тој ја носи, особено ги возбудува и им значи. Би сакала на сите да им посакам: добро здравје, да бидат весели, а овој ден да биде само наше потсетување дека е единствен, а наша должност е колку можеме повеќе да внесуваме магија во нивните животи“, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Попладнево градоначалничката на општина Битола ќе ги посети и членовите на Здружението за церебрална парализа.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски