Децата со посебни потреби и деца од социјално загрозените семејства денеска ќе добијат новогодишни пакетчиња во рамки на хуманитарната акција „Да споделиме радост“.
Пакетчињата ќе ги поделат министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Хенгст Вернер.
Акцијата по повод новогодишните празници ја организираше Црвениот крст на Македонија во соработка со ЕВН Македонија со цел да се подари насмевка и радост за децата со посебни потреби и децата од социјално загрозени семејства.
Во акцијата обезбедени се вкупно 1.100 пакетчиња, од кои 300 ќе се поделат на територија на град Скопје.
Преку Црвениот крст на град Скопје, со активноста ќе бидат опфатени 300 дечиња од Заводот за рехабилитација во Топанско поле, децата од Дневниот центар за лица со церебрална парализа, Специјалното училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“, дневните центри за деца од ул. „Шуто Оризари“ и Кисела Вода, Специјалното училиште „Златен Сремец“ и деца со оштетен слух.
Новогодишната претстава ќе ја подготват актерите од МНТ под водство на Снежана Коневска Руси.