Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди на учениците од четирите деветолетки им подари новогодишни пакетчиња и им посака многу здравје и среќа.
– Бевме во деветолетките „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, „Блаже Конески“ во Скудриње, „Ѓорѓија Пулески“ Ростуше и во „ Јосип Броз Тито“ Жировница, каде учениците не удостоија со посебна новогодишна програма. Пакетчиња општината обезеди за сите над 600 основци од нашата општина, изјави Мехмеди.
Програмата ја следеа и поголем број родители и роднини на учениците.