Новогодишна забава на плоштад Македонија со Каролина, Слаткар и Миле Кузмановски

Од:

Новогодишната прослава за дочек на 2017 година Градот Скопје ќе ја организира на плоштадот „Македонија“. Присутните ќе ги забавуваат Каролина Гочева, Миле Кузмановски, Слаткар и Диџеј Дуос.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, рече дека програмата за дочек на новата 2017 година почнува од 24 декември. За таа цел градот ќе потроши околу два милиони денари, а останатото е под покровителство на Македонски Телеком и Пивара Скопје.

– Под мотото „Подари среќа“ градот ќе организира новогодишен базар на улица „Македонија“ што ќе работи од 24 до 31 декември од 10:00 до 22:00 часот. Граѓаните ќе имаат можност да купат интересни подароци, рачно изработени предмети, новогодишни украси, дрвени очила, цвеќе, чоколади и многу други производи. Во вечерните часови ќе има богата музичка програма, меѓу кои ќе настапат Сара Мејс, Тумба Салса бенд, Бета хаус бенд, ДЈ Бранчес и други, рече Трајановски.

Посочи дека за најмладите во истиот период е подготвена детска програма од 10:00 до 13:00 часот, што вклучува новогодишно дефиле на Снежната кралица, Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, како и многу други детски игри и претстави.

3 MAPA BAZAR PODARI SREKJA

– Дедо Мраз официјално годинава ќе пристигне на 31 декември во 11:30 часот на плоштадот „Македонија“, рече Трајановски.

Централниот настан на плоштадот „Македонија“ на 31 декември е под покровителство на Македонски Телеком.

Директорот за маркетинг и комуникација на Македонски Телеком Радмила Димова, посочи дека нивната компанија веќе десетта година по ред е дел од прославата за дочекот на новата година на градскиот плоштад во Скопје.

– Забавата ќе започне во 19:30 часот со ДЈ Дуос, потоа следи настапот на Слаткар и Адријан Гаџа. Новата година ќе ја дочекаме со Каролина Гочева, а забавата ќе заврши со настапот на Миле Кузмановски, рече Димова.

На 25 декември ќе се одржи дедомразовска трка под покровителство на „Пивара Скопје“. Катерина Хаџи-Ангелеска Начевска од Пивара Скопје посочи дека дедомразовската трка ја организираат трета година заедно со Градот Скопје и Кока Кола.

– На наше големо задоволство има голем број на заинтересирани луѓе кои се пријавуваат да трчаат како Дедо Мраз. Се надеваме дека ќе придонесеме и ќе ја направиме и оваа година уште повесела и поинтересна за сите, рече Начевска.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ