Новогодишна честитка од министерот Јолевски

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, по повод новогодишните празници, упати честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата на Република Македонија и сите граѓани.

– Изминатава година, вие припадниците на Армијата уште еднаш покажавте и докажавте дека заслужено ја имате најголемата доверба од граѓаните на Македонија. Вашата подготвеност и решителност се покажа на дело во периоди кога тоа им беше најпотребно на граѓаните, особено за време на трагичниот настан кој го зафати скопскиот регион, но и предизвика сериозна опасност по жителите од тетовскиот регион. Како поддршка на припадниците на Граничната полиција во зачувување на нашата граница од нелегално преминување успеавте да спречите повеќе од 20.000 мигранти. Но, нема да ги заборавиме и вашите колеги кои беа и оние кои се денес во мисија во поддршка на мирот. Благодарение на вас почитувани припадници – амбасадори на мирот, нашата земја, Република Македонија е дел од земјите кои ги споделуваат човековите вредности, се наведува во честитката.

Јолевски додава дека во годината што изминува во Министерството започнаа неколку значајни процеси, чии резултати, како што вели, ќе ги видиме во следните неколку години. Како најзначајен го посочува процесот на модернизација, при што првата опрема треба да почне да пристигнува во 2017 година.

– Пред нас секогаш ќе има нови предизвици кои само заеднички ќе можеме да ги надминеме. Тоа е нашиот мотив да покажеме дека сме подготвени да се соочиме и да ги реализираме задачите и проектите кои не очекуваат, а со тоа да придонесеме за колективен напредок на Република Македонија. Со искрени желби, најнапред за добро здравје, љубов, среќа, вам и на сите граѓани на Македонија им посакувам успешна Нова година, додава министерот Јолевски во честитката.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска