Новогодишен базар со рециклирани предмети за поддршка на СОС Детско село

Од:

Денеска во Веро Центарот во Скопје ќе се одржи предновогодишен хуманитарен базар на рачно изработени рециклирани предмети на кој ќе се собираат средства за СОС Детското село Македонија.

Предметите се изработени од деца од градинките низ Македонија во изминатите три месеци. Базарот е организиран во рамки на проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, а на него ќе присуствуваат и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и националниот директор на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова-Гапо.

Во проектот беа вклучени речиси 2 илјади деца од повеќе од 60 градинки. Тие изработуваа предмети од разни амбалжи со цел да се научат на важноста на рециклирањето и зачувувањето на животната средина.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он

Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи

А1он

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

Кога довербата и грижата растат заедно со децата – Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он