Ново зеленило и детско игралиште го красат просторот околу „Зелен пазар“

Од:

Со години запуштената јавна зелена површина во строгото централно подрачје, која се наоѓа околу „Зелен пазар“ на потегот од булевар  „11 Октомври“ до улица „Македонија“, доби нов изглед и е комплетно хортикултурно уредена.

novo-zelenilo-zelen-pazar-2

Локацијата се протега на површина од 8.000 м2 и ги опфаќа зелените површини околу станбените блокови, кои досега беа со уништено зеленило и стари деградирани дрвја.

novo-zelenilo-zelen-pazar-3

Се работи за специфичен простор, каде што дневно циркулираат огромен број граѓани, а жителите на околните станбени комплекси имаат потреба од модерно уреден простор за одмор и релаксирање.

novo-zelenilo-zelen-pazar-4

Ова беше единственото место во комлексот Градски ѕид каде што немаше детско игралиште. Граѓаните со децении бараа катче за игра и рекреација за најмладите, соопштуваат од Општина Центар.

novo-zelenilo-zelen-pazar-5

Општина Центар, конечно на површина од 170 метри квадратни, гради ново современо игралиште со модерни дрвени детски рекзвизити. За зголемена безбедност на децата, се поставува гумена антиалергиски и антибактериска подлогата. И со ова игралиште, општината го задржа стандардот и квалитетот за изградба на игралишта за најмладите.

novo-zelenilo-zelen-pazar-6

Општина Центар изврши  комплетна реконструкција на тревниците. Околу нив, наместо железни огради, засадени се бордури од зимзелени садници како зелени огради. Задржани се дел од постоечките садници кои што се во добра состојба, со обликување на крошните и кастрење на гранките на високите дрвја.

novo-zelenilo-zelen-pazar-7

Засадени се околу 2.300 садници, дел од нив зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи, групирани во алпинетуми или во бордури како зелени огради покрај патеките. Локацијата ја красат и 2 зимзелени магнолии, со преубави бели цветови.

novo-zelenilo-zelen-pazar-8

За поголема разиграност и колоритност на просторот, планирани се неколку алпинетуми со околу 3.000 сезонски цветен расад.

novo-zelenilo-zelen-pazar-9

Полевањето се изведува со автоматски систем за полевање, приклучен на хидрантската парковска мрежа. Со системот за полевање ќе се овозможи навремено и комплетно наводнување на тревникот и садниците, а со тоа и нивен повитален раст и развој.

novo-zelenilo-zelen-pazar-10

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски