Ново средно училиште во општина Сарај

Од:

Новото средно училиште ќе биде од тврда градба со вкупна површина од 2.020 метри квадратни, со приземје, кат, подрумски површини и сопствен систем за греење.

Министерот за образование и наука Панче Кралев, градоначалниците на Град Скопје и на општина Сарај Коце Трајановски и Беким Мурати денеска ја посетија локацијата на која ќе се гради училиштето.

Во објектот на училиштето ќе се изведува настава на албански јазик за 600 ученици, кои ќе изучуваат повеќе струки: медицинска, економска, правна, а доколку има заинтересираност ќе се воведе и гимназиска насока.

Изградбата на објектот се очекува да почне за еден месец, а училиштето да биде готово за две до три години. Парите за изградба се обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука, а средствата за покривање на трошоците за комуналии ќе се издвојат од буџетот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он

Ковачевски: Со отворањето на новата Поликлиника, жителите на Сарај за прв пат добиваат примарна здравствена заштита, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Најден запален автомобил во Сарај, МВР и Обвинителството проверуваат дали го возел пукачот од Ист Гејт

Александар Тодески

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски