А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ново продолжение на 8. собраниска седница

by А1он15/07/2017 - 09:2995
Share0

За денеска е закажано ново продолжение на 8. седница на Собранието на Република Македонија. До доцна синоќа пратениците расправаа по Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година.

Добивај вести на вибер

Во текот на расправата во бројни меѓусебни реплики, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценија дека економските политики на претходната Влада предводена од нивната партија која го подготвуваше Буџетот за 2016 година, биле ефикасни и придоенеле за раст на економијата, намалување на невработеноста, странски инвестиции и финансиска стабилност. Упатија критики за предложениот ребеланс на Буџетот со кој сметаат дека се кратат финансии за проекти значајни за граѓаните.

Пратениците од СДСМ, пак, забележаа дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар и подостоинствен живот на граѓаните.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението наведе дека економскиот раст на Македонија во 2016 изнесувал 2,4 проценти, забележувајќи оти тоа е најниска стапка на економски раст во регионот.

– Растот се состои од трошење на државата и тоа добро знаете во што. Многу често во непродуктивни проекти како „Скопје 2014“ и згрешени автопати. Најпроблематично е што на долг рок ова е неодржливо бидејќи во економијата не се создава доволно додадена вредност доколку движењето е врз основа на задолжување, наведе минстерот.

Спорно, смета тој, е и што некои позитивни проекти како изградба на патна инфраструктура поради грешки може да донесат до сериозни дополнителни обврски за државниот буџет во следните години, а од друга страна индустрискиот сектор којшто треба да биде двигател на економскиот раст во 2016 забележал пад од 1,5 процент.

Како што наведе, вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 169,3 милијарди денари, а расходите во износ од 185,4 милијарди денари, поради што буџетскиот дефицит изнесува 16,1 милијарда денари, односно 2,7 проценти од БДП.

– Треба да учиме од грешките од минатото и да не дозволиме тие да се повторат, рече Тевдовски, кој вети дека на крајот на мандатот Македонија ќе има завршна сметка како Данска.

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен