Ново отворање на Пандорината кутија?

Од:

Се отвора ли повторно Пандорината кутија со евенталното почнување постапка за измени на Уставот, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ предлага, бракот во највисокиот правен акт на државата, Уставот да биде дефиниран како заедница единствено меѓу маж и жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни двојки во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители.

Утре иницијативата е пред Комисијата за уставни прашања, со која претседава спикерот Трајко Вељаноски.

За изгласување на измени во Уставот, потребно е двотретинско мнозинство или 82 позитивни гласа.

СДСМ смета дека за ова треба посеопфатна јавна и стручна дебата и јасни ставови од невладините организации и науката. Устав, велат не може да се менува по скратена постапка.

За дел од граѓанскиот сектор, владејачката партија со ова провоцира политики на дискриминација и на нетолеранција.

ДУИ и ДПА, повторно тактизираат, но својата поддршка за какви било измени на Уставот редовно ја условуваат со измени на Уставот, кои се однесуваат на правата на Албанците.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај нерасчистената математика со гласовите, не се откажува од иницијативата.

Тука се и либералите со своето барање за измени во Уставот со кои претседателот на Македонија ќе се избира со бадентер во Собранието.

Иницијативите за измени на Уставот секогаш отвораат нови прашања и апетити за партиски или национални теми за кои сметаат дека носат политички поени.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги