Ново мени во градинките и едукација за здрави навики кај децата, најавува Шахпаска

Од:

Министерството за труд и социјална политика започнува соработка со Ново Нордиск, УНИЦЕФ и Институт за јавно здравје која, како што информираше министерката Јагода Шахпаска, ќе резултира пред сè со подготовка на ново мени за исхрана во градинките.

Најавите доаѓаат откако над триесет деца се затруја со салмонела од мајонез во три кумановски градинки.

Како што информираат од МТСП, на денешниот состанок на кој присуствувале првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, претставници од УНИЦЕФ, Институт за јавно здравје, МТСП и фармацевтската компанија Ново Нордиск, министерката Шахпаска посочила дека уште поважен е процесот на прифаќање и едукација на вработените во градинките, родителите и децата за важноста и потребата од исфрлање на лошите навики во исхраната и поголем внес на свежи и здрави намирници.

На состанокот, како што стои во соопштението од МТСП, првата дама, осврнувајќи се на нејзината професионалност, стоматологијата, посочила дека оралното здравје е значаен елемент во зачувувањето на општото здравје, и според неа, за тоа најважна улога има токму исхраната.

Претставниците на фармацевтската компанија Ново Нордиск Свесни истакнале дека им е јасно оти за успех на проектот најпрво е потребно запознавање, едукација, прифаќање, па дури потоа доаѓаат промените.

Соговорниците изразиле подготвеност за плодна соработка во периодот кој следува и уверување дека овој проект нема инстант резултати, но, предвидува долгорочни резултати во однос на здравјето на децата. Преку овие промени, како што велат, ќе се превенира дијабетот, кариесот, обезноста, што земаат сè поголем замав меѓу најмладата популација. Затоа што, присуството на овие состојби покажува дека постои одредено ниво на неизбалансираност на исхрана кај најмладите. Ова е сериозен предизвик за кој е потребен сериозен пристап.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Масовно труење во Нови Пазар: Има пациенти во критична состојба, меѓу затруените се и деца

Горан Наумовски

Бабовски: Пријавено труење со храна во детско одморалиште во Охрид

Орце Костов