Ново катче за убави моменти и дружење на пензионерите во Центар

Од:

Пензионерите во Општина Центар го добија второто катче за дружење. Просториите на урбаната заедница “Мирче Ацев“ од денеска се место каде што возрасните граѓани од општината ќе можат да другаруваат, да се информираат и да играат шах и табла.

Павле Спасев од Здружението на пензионерите на Општина Центар во име на сите изрази благоданорст за отстапената просторија од општината.

penz (4)

“Благодарни сме за добрата соработка со општината и градоначалникот Жерновски. Му посакуваме долг живот и подготвени сме за понатамошна соработка“, рече Спасев.

Градоначалникот Жерновски посочи дека ова е втор клуб кој што, како што и самиот вети во изборната програма, го отвара во општината. Задоволен е од соработката со пензионерите и возрасните лица.

“И натаму ќе соработуваме, ќе отвориме вакви клубови и на други места на територијата на Општина Центар затоа што како што рековме, ќе водиме грижа не само за младите туку и за возрасните. Ви посакувам да имате убави моменти за дружење“, изјави градоначалникот Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски