Новите директорите кои Владата треба да ги именува, ќе треба да поднесат мотивациско писмо

Од:

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои со децении во минатото, но сепак од некаде мора да се почне.

„Ќе се почне од некаде. За првите директори, за сите ќе има огласи, конкурси, ќе имаме јавни повици за различни типови на функционери, за членувања во надзорни и управни одбори“, рече Николовски.

Тој вели дека сите ќе мора да се научат да поднесуваат мотивациско писмо.

„Ќе треба првенствено да поднесат CV, мотивациско писмо и план за работа и тоа е огромна промена, која што досега, можеби и за најголем дел од нив не е ни законска обврска. Зборам за вредности и нови стандарди кои имаме волја да ги воспоставиме“, рече Николовски.

Според Николовски, тоа е можност за луѓе со капацитет да се вградат во институциите, во овие четири години, кој тој ги нарече неповторливи, во кои општеството треба да се трансформира.

Би можело да ве интересира

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД