Новиот состав на Антикорупциската комисија даде свечена изјава

Од:

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков, Игор Тантуровски, Најдо Спасевски, Сузана Таскова-Аџикотарева, Жаклина Дамческа, Сејди Халили и Фарије Алиу денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски дадоа свечена изјава.

Сејди Халили, кој беше член и на претходниот состав на комисијата, рече дека ДКСК ќе работи согласно Уставот, законскиите прописи на Македонија, а посебно, како што кажа, ќе се фокусира на материјалните закони кои ги покрива комисијата во нејзиното работење.

– Сакам да нагласам дека ќе работиме чесно како што работевме, транспарентно и одговорно, истакна Халили.

На новинарско прашање за работата на претходниот состав на комисијата, Горан Миленков рече дека нема никакви забелешки. На прашање дали во Македонија има корупција Миленков рече дека корупцијата ја има во сите земји и добар тренд е што таа опаѓа.

Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата беа избрани вчера на попладневното продoлжение на 43. седница на Собранието на РМ.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи