ВИДЕО: Новиот претседател на Судскиот совет наесен ќе се зафател со постапките за нестручно постапување на судиите

Од:

Новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, во првата изјава пред јавноста рече дека ќе се залага за транспарентно и отчетно работење и за враќање за довербата на граѓаните во судската власт.

„Очекувам ја вратиме довербара во фелата, меѓу судиите кон Судскиот совет, а секако, и довербата на граѓаните кон судството. Занеме дека таа доверба на граѓаните сериозно е разнишана, но понатаму ќе се злагам за непристрасно и објективно судење…“, рече Здравев, кој ги спомна и забелешките за работата на Судскио совет од Извештаите на Рајнхрад Прибе.

На прашањето како ќе ги раскинат врските со политичарите, Здравев рече дека тоа е оставено на совеста на членовите на Судскиот совет и кажа дека гарантира законита и крајно совесна работа.

„Сè што е покренато пред Судскиот совет како постапка за утврдување одговорност на кој било независно на кого, дали е судија, претседател на суд, уште повеќе член на Судскиот совет, претседател на Судскиот совет, тие постапки мораме да ги завршиме“, рече новиот претседател на Судскиот совет.

Здравев рече дека постапките за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, сигурно ќе бидат завршени, но најверојатно со нив ќе се зафатат наесен.

„Тоа ќе биде приоритет. Тоа е заостаната работа од претходниот состав. Ќе им се даде приоритет. Штом е започната постапката мора да се заврши. Па сигурно пред годишните одмори не, но наесен сигурно дека ќе се зафатиме сериозно со таа работа. До годишните одмори планираме ако успееме, да извршиме избори на 6 судии во Аплеација Скопје, двајца судии во Управниот суд и претседатели на 10 судови…“ рече Здравев.

Здравев рече дека имаат сознанија за специјалниот извештај на судиите СЈО, но не даде конкретен одоговор.

Тој цитираше мисла од античкиот философ, Сократ, според кого, потешко е да се нанесе неправда, отколку да се трпи неправда, од причини што тој што нанесува неправда си ја огрешува соспствената душа, а душата е персонификација на совеста. За заменик на Киро Здравев, беше избран Селим Адеми.

Во Судскиот совет се формирани комисии за нестручно и несовесно вршење на судиската функција за претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и останатите врховни судии кои го пуштија бизнисмеснот Сеад Кочан да се брани од слобода, а некои од нив одлучуваа за притворот на Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои избгаа во Грција.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ