Новиот лик на училишната спортска сала во ООУ „Јан Амос Коменски“

Од:

Применувајќи ги мерките за енергетска ефикасност, Општина Карпош го заврши реновирањето на 40 години старата спортска сала во ООУ ,,Јан Амос Коменски“. Во рамките на проектот, како дел од програмата за енергетска ефикасност, беше инсталирана  комплетна надворешна изолација на ѕидовите, со 10 сантиметри стиропор, и нова покривна изолација од 20 сантиметри камена волна, а се замени и стариот азбестен покрив со нов, изработен од висококвалитетен пластифициран лим.

На местото на старите прозорци и врати, беа монтирани нови, од шесткоморни ПВЦ-профили со трислојно стакло, со нискоемисионен премаз,  и со U<1.1 w/m2k; кои ќе ја подобрат звучната изолација, но, исто така, ќе влијаат и врз заштеда на топлинската енергија. Во внатрешниот дел од спортската сала, комплетно се реновирани соблекувалните, тоалетите и туш-кабините, а поставен е и нов паркет, нови грејни тела (радијатори) и заштитни мрежи.

jan-amos-komenski-sala (2)

Старото електрично осветлување со рефлекторски системи и инсталирана моќност од 7300W, е заменето со штедливи високофреквентни светилки 4*49W, со кои се обезбедува осветленост од 500 luxa, а во исто време се намалува инсталираната моќност за 40%. Освен современиот изглед, од особена важност е поставувањето на новата електрична и водоводна мрежа, која ќе резултира со поефикасни својства на училишниот спортски објект.

Според програмата за енергетска ефикасност на Општина Карпош, реконструираниот училишен објект, како и училишната зграда заедно со останатите шест објекти на детските градинки кои ќе бидат реконструирани во тековната и наредната година, се предмет на изработка во рамки на обуките за енергетски контролори што ги спроведуваат овластените обучувачи од невладината МАЦЕФ, Машинскиот факултет во Скопје и од ЦЕПРОСАРД. Кандидатите изработуваат енергетски извештај и сертификат – пасош, како задача во практичниот дел од испитот. Од особена важност е што овие изработени трудови ќе бидат основа за оформување на тендерските барања на кои ќе се базираат изведбите на реконструкциите на овие објекти. Со нивното завршување, Општина Карпош  ќе спроведе постапка за реализација на енергетски сертификати – пасоши за сите  20 објекти на училишта и градинки од својата територија.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски