Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров

Од:

Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Освен Ѓорче Петров, во игра беа и локации во Карпош и Петровец.

„Се бодуваа трите локации – во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец. Тим од експерти разработи методологија и според тоа се донесе заклучок дека Ѓорче Петров е идеална локација, прво поради положбата, понатаму дека најбргу можеа да се изготват проектните документи и поради тоа дека најмалку чини, односно целото земјиште е државно“, рече Филипче.

Можноста дека новиот Клинички ќе се гради во Ѓорче Петров беше најавена пред два месеца. Премиерот Зоран Заев тогаш рече дека најпогодна локација за проектот што вреди 450 милиони е Веле Поле. Анализата за локацијата во Петровец, пак, покажала слабост во поглед на структуираноста на проектирањето и изведбата на проектот, во однос на подземниот дел, заради мочурливото земјиште и подземните што ќе повлечат поголеми издатоци за самата изведба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски