Новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ и не бил толку нов

Од:

Новиот бран на ВМРО и не е толку нов. Завлекува стари функционери кои сами си заминале од функциите, а сега се најдоа на листите на ВМРО за смени со новиот бран.

ДПМНЕ во кадрите кои ги наведува дека ги зафатил „бранот“ посочува лица кои од своите функции биле сменети уште во јануари годинава, но и лица кои редовно си заминале во пензија.

А1 дознава дека директорката на средното училиште во Богданци, Соња Каракамишева од нејзината функција си заминала уште во јануари годинава. И тоа по редовен пат за да оди во пензија. Но за владеачката партија таа е дел од кадрите со кои расчистуваат во новиот бран дури четири месеци подоцна. Освежувањата во редовите на ВМРО за кои на големо се бруи во медиумите, граѓани за А1 тврдат дека се всушност напуштања на функциите со природна селекција – раководни кадри одат во пензија, нив ги заменуваат нови.

Од ВМРО ДПМНЕ изјавуваа дека активностите за внесување нова енергија и освежување на функциите, како и за ротации за засилување на капацитетите, ќе продолжат и понатаму и тоа на локално ниво и на ниво на органи на централна власт .

Но дали ова било само начин на кои владеачката партија кажува дека дел од нивните кадрите ќе одат во пензија?

Директорски фотелји се празнеа и во Валандово, Радовиш и Неготино, но и оваа смена останува под знак прашалник?

До А1 стигнаа и тврдења дека наводно директорката во основното училиште Ристо Шишков од Негорци била незаконски разрешена од функцијата. Градоначалникот на Гевгелија според жители на Негорци ја разрешил директорката повикувајќи се на член од законот според кој по вина на директорот е нанесена штета на учениците, на нивните родители или училиштето. Но не биле наведени факти дали такво нешто се случило, ниту докази како била неанесена штетата. Дури и државниот просветен инспекторат според информации на А1 констатирал дека смената не е законска бидејќи не постоои писмен заклучок.

И досегашниот тек на “бранот“ наместо како што се најавуваше, чистење од оние што не можеле да го фатат чекорот на преродбата, се сведе главно на наградување на сменитете кадри. Тие од сменетите фукнкции седнаа во поудобни фотелји. И анкетата на Дневник покажа дека граѓаните не веруваат во ефектите од бранот. Цели 58 проценти не сметаат дека новиот бран ќе и донесе подобра состојба на земјата, а само 39 проценти веруваат во спротивното, дека ќе донесе позитивни промени.

Аналитичарите за А1 прогнозираат дека новиот бран е со цел промените да го подгинат разрушениот рејтинг на партијата на Груевски. Според последните анкети разликата помеѓу владејачката ВМРО и СДСМ се намалила на само 3 отсто.

 

Би можело да ве интересира

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски