Новиот бран донесе нови вработувања

Од:

Во рамките на Новиот бран, беа распишани огласи за пополнување на испразнетите позиции на директорите, замемиците и раководителите на јавните претпријатија, сектори и подрачни единици, информираат од владејачката партија.

Распишани се конкурси за директор на Македонски шуми за девет подрачни одделенија, потоа директори на повеќе комунални претпријатија и неколку училишта.

Дел од конкурсите се за раководители на подрачни служби на ФЗО, за раководители во Агенцијата за вработување, како и за смени на инспекцискиот надзор во државниот пазарен инспекторат, смени во катастрите и во агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Денес сме сведоци на уште едно скандалозно признание. ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека Македонија е во толкава мера партизирана држава што дури и директор на основно училиште се менува со партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ. Се додека Никола Груевски и неговите најблиски соработници од Фамилијата не понесат одговорност за катастрофалните политики кои доведоа до најголемото осиромашување на народот не може да се зборува за било какви промени“, стои во реакцијата на СДСМ, а во врска со новиот бран на владеачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?