Новинарски протест пред Грчката канцеларија за врски во Скопје

Од:

Мирен протест се одржа денеска пред Грчката канцеларија за врски во Скопје организиран од Македонската асоцијација на новинари поради забраната за влез во Грција на новинарката на „Дневник“ Ивана Костовска.

Од протестот што го поддржаа и Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија беше упатено барање од МАН до Грчката канцеларија за врски најитно да се произнесе и да ги обелодени причините поради кои на новинарката Костовска и е забранет влез во Грција. Истовремено МАН бара од Владата на Грција повлекување на оваа одлука и овозможување непречен влез на новинарката на територијата на Република Грција.

– МАН смета дека регистрирањето на новинарката Костовска во регистарот на непожелни личности со карактеристика опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи претставува грубо кршење на основните демократски постулати на слободата на движење. Ваквата одлука на грчките власти за МАН е особено скандалозна бидејќи доаѓа од држава членка на ЕУ, изјави претседателот на МАН Слаѓана Димишкова.

На протестот новинарката Костовска потенцира дека и покрај тоа што се поминати речиси 10 дена се уште нема објаснување од Грчката канцеларија за причините поради кои е вратена од македонско-грчката граница.

– Ако грчките власти не сакаат да не слушнат нас овде македонските новинари, тогаш нека ги слушнат грчките новинари кои го нарекоа овој случај брутален начин на цензура, изјави Костовска.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата