Новинарите преку Фејсбук се организираат за протестот кој ќе се одржи денеска во 12 часот пред скопскиот Кривичен суд, против одлуката на истражниот судија, кој на новинарот Томислав Кежаровски му одреди мерка притвор од 30 дена до подигнувањето на обвинителниот акт од страна на јавниот обвинител за организиран криминал.
Претседателот на ССНМ, Тамара Чаусидис, напиша:
Кежаровски е уапсен во полициската акција „Ликвидација“, причината за притворот се текстови што ги објавил во списанието „Репортер 92“ во ноември 2008 година со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во „Ореше“.
Направена е и онлајн петиција со наслов „Слобода за новинарот Томислав Кежаровски“. Автор на петицијата е Зоран Димитровски.