Нови знаци за безбеден сообраќај во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци се поставуваат нови сообраќајни знаци, огледала, столбови и „лежечки полицајци“ за поголема безбедност во сообраќајот. Од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа, информираат дека активностите се согласно програмата за одржување и обновување на вертикалната патна сигнализација низ улиците и локалните патишта.

– Согласно тендерската постапка набавени се вкупно 44 знаци, 4 огледала и 26 столбови. Исто така општината набави и две средства за смирување на сообраќајот. Станува збор за модифицирана верзија на поранешните легнати пречки попознати како „лежечки полицајци“, соопштуваат од општинската служба за информирање.

Овие пречки ќе бидат поставени на фрекфентни улици каде неодговорните возачи редовно ја пречекоруваат максималната дозволена брзина. Со нивно поставување ќе се подобри безбедноста на сообраќајот, пред се на пешаците.

– Вкупниот износ на оваа набавка е 180.000 денари со ДДВ, а изведувач на работите е фирмата „Бојта инг Скопје“.

Знаците деновиве се поставуваат на локалниот пат Кавадарци – Ресава – Бегниште, а останатите се распоредуваат по улиците низ Кавадарци, додаваат од прес-службата при општината.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава