Нови живеалишта во битолската Зоолошка градина

Од:

Во битолската Зоолошка градина денеска беа претставени новите живеалишта на нилскиот коњ, лавови, леопарди, мајмуни, мечки и на други диви животни, кои во изминатите две години беа обновувани со 1,2 милиони евра од фондовите на ЕУ.

Живеалиштата ги промовираше Центарот за развој на пелагонискиот регион, носител на идејата за темелна реконструкција на ЗОО во Битола. Меѓу големиот број посетители, на настанот присуствваа и претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, претставникот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Робин Лидл, заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, градоначалникот на Битола Владимир Талески.

– Зоолошката градина е важен сегмент од имиџот на Битола како значаен урбан центар во државата, и уште повеќе затоа што проектот е реализиран во партнерство со општина од соседна Грција. Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа како имплементатор за ИПА програмата за прекугранична соработка за овој проект обезбеди околу 650 илјади евра, и тој е еден од 150-те проекти кои се реализирани со средства од ИПА програмата на ЕУ со вкупна вредност од околу 16 милиони евра, посочи Пренџов.

За реализација на овој проект, општински средства и логистичка поддршка даде и локалната самоуправа која е основач на јавната установа Зоолошка градина, а напролет ќе следи и големо хортикултурно уредување, најави градоначалникот Талески.

– Овој проект е потврда за одличната погранична соработка на општините, но и потврда за потенцијалот на општина Битола за користење на ЕУ-фондовите. Напролет ќе извршиме дополнително уредување на патеките и хортикултурно уредување со што ќе овозможиме бројни посетители да доаѓаат во зоолошката градина, истакна Талески.

Директорката на Центарот за развој на пелагонискиот регион Емилиа Ѓероска изјави дека новите живеалишта и целосната обнова на Зоолошката градина е според стандардите на ЕАЗА (Европската асоцијација на зоолошките градини), која тоа го потвдрила пред десет дена.

Би можело да ве интересира

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња