Нови тротоари на фрекфентни улици во Битола

Од:

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денеска изврши увид на градежните работи и изградбата на нови тротоари на фрекфентни улици во општината.

Станува збор за тротоари на булеварот „1. Мај“ и улицата „8. Септември“ во должина од околу 600 метри.

– Двете исклучително фрекфентни локации имаат опфат од 600 метри, а за нив општината издвои локални средства во висина од над еден милион денари со што ќе се уредат тротоарите на двете улици. Покрај овие активности, во полн ек се и останатите градежни работи кои до крајот на оваа градежна сезона ќе бидат завршени, истакна градоначалничката Петровска.

Таа најави дека во следните денови ќе има уредување и на одредени патишта и улици во руралните средини со поставување гребен асфалт, со што, вели, ќе се подобри инфраструктурата на територијата на цела општина.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките