Нови стипендии на општина Центар

Од:

„Од оваа учебна година, општина Центар на 7 ученици, по еден од секое општинско училиште, по им доделува стипендии во висина од 3.000 денари месечно.

Од 4.000 ученици во седумте општински основни училишта, според определените критериуми, беа избрани 7 ученици кои досега покажале солиден успех во учењето, кои се истакнуваат по одредени предмети и доаѓаат од социјално загрозени семејства.

Учениците беа избрани од посебна комисија која ги ценеше резултатите и состојбата во која што живеат децата, односно дали живеат со самохран родител, во семејство со родители со попречености, дали живеат во старателско семејство, дали се станбено необезбедени или дали станува збор за раселени лица.

Општина Центар оваа година за прв пат доделува и ваков тип стипендии, ценејќи ја и наградувајќи ја посветената работа на учениците, нивниот талент и помаѓајќи им финансиски, бидејќи живеат во социјално загрозени семејства“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски