Нови специјализанти и вработувања во велешката болница

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на ЈЗУ Општа болница во Велес одговарајќи на новинарско прашање за нови специјализанти, појасни дека болницата ќе ги добие врз основа на нејзините потреби со специјалисти.

– Се соочивме со недостаток на ментори, а тоа времено го разрешивме со доаѓање на ментори во велешката болница од Медицинскиот факултет. Проблемот го решаваме на две нивоа, прво акутно заради сегашниот акутен недостаток на специјалистил, заради заминување во други болници или во пензија, а го надминуваме со доаѓање на доктори во оваа болница од скопските клиники. Второ што правиме е стратегијата за развој на секоја струка со клиниката во Скопје со стручното здружение од одредена област со болницата и здраствениот дом каде што има доктори специјалисти од таа област. Ние правиме стратегија колку доктори се’ и од која област што работат и со каква опрема се служат, а врз основа на тоа да знаеме во наредните пет, десет и 20 години колку млади лекари дополнително ќе се примат за таа област и за што ќе бидат специјализирани и субспецијализирани. Врз основа на тоа и каква опрема ќе купиме во секоја од овие институции, најави министерот Филипче.

Директорот д-р Митко Стровјанов појасни дека тоа за велешката ЈЗУ Општа болница, ќе значи пет млади доктори веднаш да тргнат на специјализација, од кои еден за геникологија, еден за хирургија и по еден за неврологија, педијатрија и за рентген дијагностика.

Тој воедно најави во ЈЗУ Општа болница дека ќе има 41 ново вработување од кои поголемиот дел 27 се медицински кадар.

– Во претстојниот конкур предвидуваме двајца гениколози, а на последната средба со министерот разгледувавме и друга можност да можеме да ги активираме матичните гениколози. Секако очекуваме помош од Гениколошко – акушерската клиника од Скопје која е веќе присутна со свои специјалисти во нашата болница и го надминува тој расчекор на нашата болница и нашите можности, појасни Стровјанов.

Тој најави дека во тек е и третиот тендер за лифтови во болницата и тој вината за неупешните два ја насочи како што појасни кон економските оператори.

Министерот Венко Филипче на новинарско прашање за покачување на платите на вработените во јавните здраствени установи, потсети дека имаше зголемување на сумата за дежурствата на медицинските сестри, доктори и специјалисти. Воедно потсети дека еднаш покачувањето беше преку зголемување на сумата за дежурствата и ноќниот труд и вториот пат со пет проценти имаше зголемување на платата за сите вработени во јавно здраствениот сектор во земјава.

– Траат преговорите со министерот за финансии за зголемувањето на платите и на почетокот на наредната година како што ветивме за лекари специјалисти и ќе видиме дали тоа ќе се случи веднаш или на неколку наврати во текот на следната година. Ние работиме на исполнување на се’ што сме ветиле и сигурен сум дека ова се мерки кои што прво го враќаат дигнитетот на здраствените работници и сериозно стимулативно ќе влијаат младите доктори перспективата и иднината да ја гледаат во нашата земја,потенцира министерот Филипче.

Воедно министерот појасни дека е точно дека ветувањето е за лекарите, но и дека тоа не значи дека и медицинкските сестри и останатиот стручен персонал ќе остане без покачување.

– Врз основа на вкупната сума на пари што ние ќе ја добиеме за оваа цел за зголемување на платите како буџет за следната година и сите категории вработени во јавно здраствениот сектор ќе ги земеме во предвид ,најави министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска