Нови соларни системи за вода во две училишта во Карпош

Од:

Општина Карпош продолжува со реализација на проектот за заменување на електричните бојлери со соларни вакуум инјекторски системи за топла вода во сите училишта и градинки на својата територија. Нови соларни системи за вода поставени се во основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“.

Новите системи во овие училишта, информира општина Карпош, ќе овозможат користење санитарна топла вода во текот на 365 дена во годината, ќе се користат во туш кабините во спортските сали на овие две основни училишта, за потребите на учениците во редовна настава, како и за спортските екипи кои ги користат салите за тренинзи.solarni-sistemi1

Користењето на енергијата од сонцето овозможува за повеќе од 80 отсто да се намали потрошувачката на електрична  енергија од постојните шест електрични бојлери за топла вода.

Според програмата за 2013 година, општина Карпош гради уште 43 соларни системи во училиштата и градинките, а веќе се инсталирани 23. Со тоа, како што се наведува во соопштението, целосно ќе се заменат сите електрични бојлери во овие објекти кои се во надлежност на општина Карпош.

Инвестицијата за енергетска ефикасност општина Карпош ја спроведува со сопствени средства.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски