Нови рекордни бројки во Скопје – осуммина починати и 571 новозаразен со коронавирус

Од:

Во Скопје во изминатото деноноќие е регистриран најголем број на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата – 571, а битката со опасниот вирус ја загубија осуммина скопјани, што е исто така црн дневен рекорд. Починатите се на возраст од 78, 61, 60, 81, 70, 84, 51 и 78 години.

206 жители на главниот град оздравеле во изминатите 24 часа.

Вчерашната рекордна бројка на активни случаи во Скопје, денеска е уште повисока и изнесува 5.668.

Најмногу заразени со коронавирусот во моментов има во општината Аеродром (927), Карпош (805, првпат над 800 активни случаи), Центар (762), Гази Баба (757) и Кисела Вода (699).

Еве како се распределени активните случаи на Ковид-19 во сите општини во Скопје и околината:

• Чаир – 321
• Гази Баба – 757
• Аеродром -927
• Карпош – 805
• Центар – 762
• Кисела Вода – 699
• Ѓорче Петров – 460
• Бутел – 316
• Шуто Оризари – 70
• Студеничани – 24
• Сарај – 51
• Арачиново -14
• Илинден – 131
• Сопиште – 47
• Чучер Сандево – 30
• Петровец –50
• Зелениково -24
• Странец – 67
• Нераспределен- 113

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција