Нови простории за медицинскиот факултет на ДУТ

Од:

Државниот универзитет во Тетово ќе ги добие на користење дел од просториите на Центарот за јавно здравје во градот за потребите на медицинскиот факултет во негов состав, е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми и ректорот на ДУТ Вулнет Амети.

– Предавањето на овој дел од Центарот за јавно здравство, во сопственост на нашиот Универзитет, претставува непроценлива инвестиција за медицинскиот факултет со што се зголемува ефикасноста на услугите за пациентите и ќе биде во служба на студентите и академскиот кадар на факултетот. Со овие инвестиции кои ги реализираме во нашиот факултет, на оваа академска единицата и овозможуваме унапредување и нормално одвивање на редовниот наставен и научен процес, како во теоретскиот, така и во практичниот дел рече ректорот Амети.

Министерот Адеми посочи дека отстапувањето на просториите за потребите на медицинскиот факултет на ДУТ е резултат на решението на последната седница на Владата и со можноста за надградба на постоечкиот објект за уште еден кат, уште повеќе ќе се надополнат потребите на професорите и студентите од оваа академска единица на ДУТ. Најави дека во септември до Собранието од страна на Министерството за образование и наука ќе биде доставен предлог за измена на Законот за основање на ДУТ што ќе овозможи, подвлече, формирање на три нови факултети.

– Ќе формираме уште три нови факултети земјоделскиот, факултет за геонаука и технологии и педагошкиот факултет во рамки на универзитетот во Тетово, рече Адеми.

На средбата било разговарано и за сместување на студентите на ДУТ, за што според Адеми, постои можноста преку јавно приватно партнерство да се овозможи сместување на студентите и покривање на овие трошоци од страна на министерството.

Тој најави и измени и дполнивања ма Законот за високо образование што ќе овозможи превод на 50 научни трудови од реномирани светски универзитети за потребите на универзитетите во Македонија, можност за основање работен однос на странски професори со што нивното искуство би го користеле и професорите, а тие би биле и ментори на 2 или 3 студенти на нивните магистерсдки студии, како и реформи на педагошките факултети во државата поради што и во ДУТ се формира ваков посебен академски субјект.

Во однос на примената на Болоњскиот процес во високото образование во Македонија, Адеми рече дека на седница на Владата се зборувало за ова прашање и оти во тек се анализи за тоа на кои универзитети тој се применува и кои се неговите ефекти, по што во септември ќе се излезе со конкретен став дали ќе се продолжи или ќе се напушти примената на Болоњскиот процес во високото образование во земјава.

За тетовската гимназија Адеми информира дека до Министерството за образование и наука пристигнало барање за поделба на постоечката гимназија на два нови субјекти.

– Тетовската гимназија е една од најголемите во целата држава и сметаме дека со нејзина поделба на два субјекти ќе се овозможи подигање на квалитетот на образованието и условите за работа.Секако оваа поделба нема да биде врз етничка основа, туку врз основ на потребите на гимназијата во Тетово, изјави Адеми.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците