Богдановиќ: Сервисно – резидентно паркиралиште кај Соборен храм

Од:

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната прес конференција, си соопшти новите планови на претпријатието.

За полесен пристап и начин на користење на јавните паркиралишта од затворен тип од страна на корисниците, се покажа дека е сосема доволно и целисходно наплатата да биде извршена по завршување на користење на услугата, за разлика од претходно каде корисниците за користење на услугите на јавно паркиралиште од затворен тип требаше да купат паркинг карта за привремено користење на паркинг место на затвореното паркиралиште во објектот за наплата или да купат при-пејд картичка за плаќање за користење на услугите.

„По барање на жителите на паркиралиштето Трготекстил, сите затворени паркиралишта ќе функционираат со наплата 24 часа, додека во секторите Капиштец и Дебар Маало, наплатата ќе се врши фиксно во работните денови од 8.00 до 22.00 часот и во сабота од 8.00 до 15.00 часот“, соопшти Богдановиќ.

Се воведува нов вид на јавни паркиралишта кои се нарекуваат сервисно – резидентни јавни паркиралишта, коишто можат да ги користат единствено физичките лица со живеалиште или престојувалиште во опфатот на овој вид на јавни паркиралишта, како и физичките лица вработени во правно лице кое има седиште или подружница во опфатот на сервисно – резидентните паркиралишта. По барање на станарите таков вид на паркиралиште станува Соборен храм.

Врз основа на кварталниот финансиски извештај за прв квартал Q1 за 2015 година, ЈП Паркинзи на Општина Центар е во добивка од 1.366.254,00 денари. Добивката, вели Богдановиќ, е помала од планираната поради слабата соработка со Министерството за внатрешни работи и отежнатата координација со сообраќајната полиција на пајак службата во месец јануари.

ЈП Паркинзи на Општина Центар најавува дека продолжува со позитивното работење со цел да се задоволат потребите, како на жителите на Општина Центар, така и на оние што привремено престојуваат или работат во оваа општина.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска