Нови претседатели на Врховен и Кривичен по Нова година

Од:

Во Новата година, ќе се изберат и нови претседатели на Врховниот суд и скопскиот кривичен суд.

Судскиот совет зад затворени врати ги преоценуваше кандидатите за претседатели.
Оној со најдобра оценка ќе стане нов претседател на судот.

На советот за првпат присуствуваше и Снежана Бајлозова, В.Д. претседател на Врховниот суд и кандидат за претседател.Иако таа вонредната оценка ќе ја добие за работење во Апелациониот суд, Караџовски смета дека тоа не е никаква пречка за нејзината кандидатура за претседател на Врховен суд ниту пак и дава предност во однос на конкуренцијата.

Кривичните пријави и претставките кои ги имаат поднесено или кои ги имаат добиено од свој колега кандидатите за претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд нема да влијаат врз оценувањето и врз нивниот избор за претседател, тврди претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

За Лидија Неделкова и Јован Вангеловски има претставки во Советот за утврдување на факти, а судијата во Основниот суд Скопје 1, кандидатот Иван Џолев му поднесе кривична пријава за влијание врз судија на доскорешниот претседател Владимир Панчевски, а овој му врати со контра пријава и со претставка во Советот за утврдување на факти.

Панчевски претходно имаше послаба оценка, па во јавноста се коментираше дека вонредното преоценување е за да може да му се поправи оценката на Панчевски за остане во игра за повторен избор.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални