Нови паркинг места во општина Ѓорче Петров

Од:

Општина Ѓорче Петров воведува паркинг простор на улицата „Лука Геров“ бр.40 со нови 18 паркинг места.

Според градоначалникот Сокол Митровски со ова би се решил проблемот на повеќе станари кои бараа место повеќе за своите автомобили.

Во план е проширување и на автобуската постојка и простор за поставување контејнери за смет кои нема да пречат во нормалното одвивање на сообраќајот. Просторот ќе биде поплочен со павер елементи и ќе биде поставена урбана опрема.

Општината во изминатиот период изгради уште два вакви паркинг простори, едниот во населба Хром, во близина на „Велурфлок“ и на улицата „4 Јули“ со вкупно 33 паркинг места.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош