Нови можности за општинската администрација во Карпош

Од:

Денеска во 9.00 часот во просториите на Општина Карпош, врвниот професорски и менаџерски кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, одржа полчасовна презентација за новите образовни можности што оваа високошколска установа ги пружа за едукација и доедукација на вработените во Општината.

Општина Карпош со овој Универзитет има долгорочна соработка и потпишан меморандум во таа насока, а со тоа и право на бенефицирани услови на студирање.

Шестчлената екипа на професорски кадар предводена од проректорот за наука и развој Сашо Кожухаров на заинтересираните вработени од Општината им ги објаснија условите за стекнување на високо образование, додипломски и постдипломски, магистерски и докторски студии.

Ваквото унапредување на знаењата е дел и од стратегијата за образование на Општина Карпош која постојано вложува во подигнување на стручноста и знаењата на своите вработени, со цел да пружаат поквалитетни услуги на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски