А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови медиуми на ВМРО-ДПМНЕ?

by А1он31/08/2012 - 18:5831/08/2012 - 19:08196
Share0

Дали по денешната информација дека „Орка холдинг“ на Орце Камчев, ќе основа и интерактивен портал – „Телеграф МКД“ по примерот на светските модерни интернет портали, кој ќе биде единствениот портал во Македонија составен од независна редакција од 50 новинари која ќе биде активна 24 часа секој ден во неделата, на повидок е и формирање на нови медиуми подржани од власта?

Добивај вести на вибер

Порталот ОхридСкај, повикувајќи се на партиски извори, објави дека ВМРО ДПМНЕ почнал со процес на регистрирање на нови „чисти“ компании за медиуми.

Од септември, објавија, ВМРО ДПМНЕ ќе создаде сопствена ТВ куќа, а досегашните СИТЕЛ и Канал 5 се „пуштаат“ по вода од 15 октомври.

Името на телевизијата не се објавува, но сопственици, тврдат извори на порталот, ќе бидат неколку фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ, а HD опремата веќе се нарачува од странство.

Освен „Курир“ кој ќе биде комерцијално продаден, на лице блиско до партијата ќе бидат основани еден дневен весник, еден неделник, обата со строго десничарска уредувачка политика.

Во овие проекти, според порталот, ќе работат новинари и уредници на Сител, Канал 5, а „Вечер “, ВМРО ДПМНЕ ќе го финансира до декември.

mediumitv

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ11/03/2025 - 17:0711/03/2025 - 17:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен