Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Од:

По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски најави промени во раководството до првата половина на април, по што до почетокот на мај ќе следува и реконструкција на Владата.

– И со тоа би ја комплетирала екипата која би била водечка екипа на следните парламентарни избори кои ќе се случат. Очекуваме да бидат редовни, пролетта 2028 -та и да се случат предвремени тука сме, ние сме подготвени да излеземе и уште еднаш да ги поразиме нашите политички противници, рече Мицкоски, кој денеска беше во посета на Општина Аеродром.

Мицкоски најави дека по новогодишните празници ќе излезе со предлог состав на Извршниот комитет на партијата, а потоа следен чекор е Извршниот комитет да распише генерален избор на структурите на партијата и на општинските комитети.

– Ова е процес кој што очекувам да трае најмалку два до три месеци. Нема да биде тоа така бргу, имајќи предвид дека интересот којшто го очекуваме да се случи е голем, или ајде да го заокружиме крајот на март, првата половина на април месец. Неминовно тоа наметнува да следен чекор биде реконструкција во Владата и во дел од државните институции – втора половина на април заклучно со мај, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта