Нови критики за состојбата со затворите и малтретирањето притвореници

Од:

Лошите услови во затворите, малтретирањето на притворените, но и отсуството на лекарска помош, се само дел од забелешките на народниот правобранител, а нотирани во Извештајот на Националниот превентивен механизам за минатата година.

Како што истакнува народниот правобранител Иџет Мемети, најголем проблем и понатаму останува затворот во Идризово, нечовечките услови во самиците и малтретирањето на приведените, како во полициските станици така и во затворите.

На обвинувањата за малтретирањето на приведените во „Монструм“, од страна на битолските затворски чувари, Мемети вели дека од нивна страна бил направен увид. Поради основано сомневање за малтретирање, случајот е предаден во Обвинителство.

Иако народниот правобранител не сакаше да ги коментира, сепак И во извештаите на Амести Интернешнал, но и во оној на Стејт департментот, лошите услови во затворите, дискриминацијата и постојаното кршење на човековите права претрпеа најголеми критики.

Истите Забелешки се повторуваат секоја година, а институциите сеуште немаат решение за нотираните проблемите.

Извештајот на националниот превентивен механизам, е направен врз основа на 18 посети на полициските станици, затворите и воспитните центри во текот на минатат година. 17 од нив, биле направени без претходна најава.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Уапсен е осмиот затвореник кој избега од затвор во Њу Орлеанс, уште двајца се во бегство

Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани

Осуден на 10 години затвор, избегал и повторно крадел – уапсен криминалец баран по централна потерница

Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

A1on

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка