А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови инвеститори во индустриската зона „Жабени“ во Битола

by А1он03/11/2016 - 16:15141
Share0

Во индустриската зона „Жабени“ во Битола наскоро ќе инвестираат две нови компании од Италија и Турција.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска соопшти дека компанијата од Турција ќе произведува алатки за земјоделски машини, а компанијата од Италија ќе гради фабрика за преработка на зеленчук во прав.

– Кон новиот инвеститор „Цера метал“ од Атина, кој купи повеќе парцели за својата инвестиција вредна околу 12 милиони евра, наскоро ќе се придружат уште два нови инвеститори. Станува збор за една компанија од Турција која ќе произведува алатки за земјоделски машини, и една компанија од Италија која ќе гради фабрика за преработка на зеленчук во прав за потребите на хотелиерите, рече Талески на прес-конференција.

На прес-конференцијата организирана по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, градоначалникот Талески се осврна и на реализираните инфраструктурни проекти и на оние што се планира да бидат спроведени во следниот период. Најави дека наскоро ќе се реализира и акција за пошумување.

– Подготовките за акцијата се во тек и ги повикувам граѓаните да се јавуваат во ЈП „Комуналец“ каде бесплатно ќе добијат дрвца садници кои ќе ги засадуваат во својот двор, населба или друга локација со што ќе овозможиме освен пошумување да има и засадување дрвца во урбаниот дел на градот, рече Талески.

По повод Денот на ослободувањето на Битола вечер ќе се одржи  ноќна атлетска трка на Широк Сокак, а утре претпладне градоначалникот Талески ќе приреди прием за претставниците на Сојуз на борци и гости од збратимените градови. Утревечер ќе се одржи свечена академија на која ќе бидат доделени наградите „4 Ноември“. Годинашен добитник на наградата „Животно дело“ е пијанистката и основач на фестивалот на класична музика „Интерфест“ , Милица Шперовиќ Рибарски.

bitola

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Горан Наумовски26/02/2026 - 10:06

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен