Нови инфраструктурни проекти во Битолско Долно Оризари

Од:

Општина Битола почна со реализација на нови инфраструктурни проекти во битолското населено место Долно Оризари чие население при поројни дождови се соочува со поплави.

За изградба на атмосферската канализациона мрежа планирани се 13,7 милиони денари, а во проектот предвидена е и реконструкција на отворените бетонски и земјени канали во должина од 5.724 метри, изградбата на коловозот во должина од 1.800 метри за што ќе бидат вложени 8,2 милиони денари, најави градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

-Со интервенцијата опфатени се сите поголеми канали кои ќе бидат земјени, а дел бетонски. Паралелно, почнуваме и со асфалтирање на улиците. Ова место беше најпроблематично за време на поројните дождови и поплавите, затоа што, оваа е една од најниските точки во нашата општина, изјави градоначалникот Талески.

Изведувач на активностите за изградба на атмосферската канализациона мрежа е КЈП „Нискоградба“-Битола.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција