Нови фасади за стотина згради во Центар

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ на Центар Владимир Тодоровиќ најави продолжување на проектот за реконструкција на фасади на станбени згради во општината.

– Мојата програма со која настапувам на овие избори содржи и обнова и реконструкција на фасадите во централното градско подрачје. Тој интензитет ќе го зголемиме така што во наредните 4 години некаде околу стотина згради ќе добијат нови фасади, изјави Тодоровиќ.

Тој истакна дека во овој проект ќе бидат вклучени и зградите кои се наоѓаат од почетокот на „Св. Килимент Охридски“ до Фонтана во Градски парк, додавајќи дека овој дел на општина Центар заслужува нови фасади, реконструирани во термо изведба.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?