СДСМ: Нови факти за незаконската работа на судиите од тефтерчето

Од:

Со факти и аргументи јавноста денеска се увери, по којзнае кој пат, во незаконскиот начин на функционирање на дел од партиските инсталации на Никола Груевски во судството. Незаконската работа на познатите судии од тефтерчето е целосно потврдена, велат од СДСМ.

„Факт број 1: Судскиот совет има донесено одлука со којашто судијката Александра Поп Стефанија е делегирната во Одделот за прекршоци во судот во Скопје. Факт број 2: Поп Стефанија, пред два месеци, непосредно пред криминалната аболиција на Иванов, незаконски е назначена во Одделот за организиран криминал, од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски. Факт број 3: Ова назначување на Поп Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот. Факт број 4: Незаконска е одлуката којашто ја донела Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување, во којшто осомничени се и Гордана Јанкуловска и Горан Грујевски.

Оттука, поради процесни грешки, меѓутоа и заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине ова незаконско решение. Откако ќе се укине ова незаконско решение предметот за уништување на опремата за незаконско прислушување треба да се додели на судија кој суди во делот за организиран криминал.

Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго.

Но, бегање од правдата нема да има. На тоталитарно и режимско работење на Никола Груевски и криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ му доаѓа крајот. Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво. Доаѓа слободна и демократска Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда