Нови четири случаи на прекршување на полицискиот час во Тетово

Од:

Четири лица го прекршиле полицискиот час изминатата ноќ во Тетово, инфомира тетовската полиција. Сите биле приведени во полициска станица, по што за нив ќе бидат поднесени пријави согласно Кривичниот законик. Ден претходно немаше ниту едно прекршување на полицискиот час, додека вкупната бројка сега изнесува 83.

– Во овој период вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин на тетовско подрачје е 210. Бројот на лица со потпишани изјави за самоизолација изнесува 55, истакна Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.

Покрај ова, реaлизирани се 67 контроли на лица со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски