Нови чешми во општина Центар

Од:

Општина Центар почна со реализација на проектот за изработка и поставување чешми за пиење вода на десет локации.

Досега се поставени чешми за пиење вода во Пролет, на улица „Цицо Поповиќ“, во близина на детското игралише, Буњаковец – улица „Петар Поп Арсов“, кај детската градинка „Наум Наумовски-Борче“ и Дебар Маало – улица „Орце Николов“ со „Наум Наумовски – Борче, во близина на кружниот тек.

Се врши поставување на овие чешми на уште две локации, во Буњаковец, спроти Архитектонскиот факултет и во Капиштец – булевар „Теодосиј Гологанов“, во близина на теренот за кошарка.

Предвидено е вакви чешми да бидат поставени на уште пет локации, најдоцна до средината на април. Чешмите се изработени од травертин, со комплетна интерна инсталација, согласно претходно утврдена скица усогласена со  просторот во кој се поставуваат.

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“