Нови автобуски и такси стојалишта во општина Битола

Од:

Општина Битола ќе постави 100 нови автобуски стојалишта како и околу 200 такси стојалишта во градот и околината во функција на поефикасен локален градски сообраќаен превоз.

Обновата на најголемиот дел авобуски и такси стојалишта ќе се реализира врз принципот на јавно приватно партнерство, а постапката за избор на приватен партнер е во тек, информираат од таа локална самоуправа.

Според програмата, предвидено е поставување на 58 автобуски стојалишта во урбаниот дел на градот кои ќе бидат електрифицирани со електронски дисплеи на кои ќе биде истакнат возниот ред, како и други потребни сервисни информации за граѓаните, но и простор за маркетинг понуда, додека пак во руралниот дел на градот ќе бидат поставени 43 стојалишта за патниците што го користат линискиот автобуски превоз, информираат од општина Битола.

Паралелно со обновата на автобуските стојалишта ќе се одвива реновирањето на 139 такси стојалишта, како и уредување на 63 нови такси стојалишта кои ќе може да ги користат само такси компаниите кои се лиценцирани и кои имаат дозвола од локалната самоуправа за користење на такси стојалиштата.

Автобуските стојалишта во Битола последен пат делумно беа обновени пред десетина години, но моментно најголем дел од стојалиштата во урбаниот и посебно руралниот дел од градот се оштетени и со постар датум во однос на нивното поставување и затоа се очекува со оваа крупна обнова, значително да се подобри овој сегмент од градскиот сообраќаен превоз на патници на подрачјето на таа општина.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски